| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ нека ја одберат која сакаат методологија, за да им го отфрлиме алибито

По повод одбележувањето на 26 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата Никола Груевски гостуваше во Дневникот на „Сител телевизија“, каде истакна дека многу е јасна и чиста ситуацијата за сите кои малку од малку ги следат политиката и изборните процеси во Македонија.

  • СДСМ повремено ги менува ставовите што е најголема пречка, еднаш е прочистувањето на избирачкиот список, еднаш прашањето поврзано со медиумите – изјави Груевски.

Груевски додаде дека нивниот став е јасен по тоа прашање.

  • Нека одберат која методологија ја сакаат. Го повикуваме ДИК (Државната изборна комисија), да ја прифатат секоја методологија која СДСМ ја сака за уште еднаш да ги прочисти, или не знам што да направи со списоците, за да го оттргнеме тоа алиби на социјалдемократите – додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top