Македонската одбојкарска репрезентација со максимални шест победи го освои првото место во групата А, а по дуелот со Бугарија и победата од 3-1 средниот блокер Ристо Клопчески изјави:
– Никој не очекуваше дека на турнирот во Бугарија ќе играме така добро и бевме аутсајдери. Но победивме и сами си наметнавме одговорност и потоа во Скопје ги добивме сите три натпревари. Со Албанија беше тешко, со Данска лесно, ова беше последен тест и го освоивме посакуваното прво место. Влеговме тешко во дуелот, поискусните пред се капитенот ја поведе екипата. Ги добивме двата сета, потоа влегоа во игра и другите играчи и пак ја победивме Бугарија. За во полуфиналето ја посакуваме Австрија, а Естонија е поквалитетен ривал и имаме шанси за финале. Првата година од Европската лига бевме трети, лани завршимве втори, оваа година може и злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.