| четврток, 6 декември 2018 |

Се обеси поранешна фудбалска репрезентативка

hristina-dimitrioska

Дваесет и петгодишната Христина Димитриоска, фудбалски судија и поранешен член на македонска фудбалска репрезентација се самоуби вчера во нејзиниот дом во Прилеп, информираат денеска од полицијата.

Младата Димитриоска, според информациите од полицијата, си го одзела животот околу 16,30 часот бесејќи се на греда во помошна просторија во куќата на улицата Блага Ружето во Прилеп.

Безживотното тело на Димитриоска го пронашла нејзината мајка. Според неофицијалн информации, некогашната фудбалерка и завчера се обидела да се самоубие со труење, но била спасена од докторите во прилепската болница, а потоа пуштена на домашно лекување.

Димитриоска 10 години настапуваше за прилепска „Победа“ и беше дел од женската фудбалска репрезентација. По завршувањето на професионалната кариера работеше како фудбалски судија во Третата и општинска фудбалска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top