Секретарот за безбедност на Хрватскиот фудбалски сојуз Мирослав Марковиќ по натпреварот посочи дека Сојузот имал дојава за палењето на баклите во 85-тата минута од натпреварот
-Затоа и француската специлајна полиција влезе на стадионот и ја заобиколи трибината со нашите навивачи- посочува Марковиќ од Сент Етјен, додавајќи дека иако се разбегале, тој ќе се обиде да ги идентификува според видео записот.
Сеуште нема официјални податоци, иако според француските медиуми приведени биле 29 хрватски навивачи.
Но немирите дојде во 86 минута од натореварот кога дел од хрватските навивачи фрли бакли на теренот а се слушна и експлозија на топовско полнење која повреди еден од редарите. Веднапш потоа дојде до тепачка меѓу хрватските навивачи. За среќа на Хрватската репрезентација, судијата од Англија не ја прекина средбата, туку ги задржа играчите на теренот, а потоа натпреварот продолжи.
Хрватските медиуми пишуваат дека ХФС, по новата „акција“ на навивачите, сигурно го очекува драстична казна а можеби и исфрлање од ЕВропското првенство. Од УЕФА потврдуваат дека е почната дисциплинска постапка заради палењето и дивеењето на хрватските навивачи.
За потсетување, УЕФА почна постапка против хрватската репрезентација и за случувањата во Парис, за пиротехника и втрчување на терен.
Според фудбалскиот сојуз на земјата на Хрватска ќе и се суди по четири основи: предизвикување на немири на трибините, користење пиротехнички средства, прекинување на натпревар и расизам.
-Некаде понеделник околу пладне ќе ги дознаеме санкциите- велат од Сојузот, каде не веруваат во најлошото, но се сигурни дека тоа ќе биде една од најлошите казни кои ХФС некогаш ги добил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.