| четврток, 6 декември 2018 |

Опожарено уште едно возило во Битола

Вчера околу 01,45 часот Битола, на ул.„Бонде Скерлевски“ од засега непознати причини настанал пожар на паркирано „ауди А-4 караван“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Г.Д. (33) од Битола.

Возилото било целосно опожарено, а од пожарот бил зафатен и друг автомобил „опел астра“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Х.Б. од Битола.

Од страна на ТППЕ-Битола пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top