| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно каменуван патнички воз

Вчеравечер околу 21,25 часот од страна на непознати лица бил каменуван патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје. Каменувањето било извршено веднаш по тргнување на возот од станицата Скопје Север во правец према станицата Скопје, од левата страна во правец на движење на возот, при што било скршено едно подвижно стакло од вагон.

Повредени патници и возен персонал нема.

По извршеното каменување возот продолжил со патувањето до станицата Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во изминатиот период Македонски железници се соочи со многу слични инциденти на каменување и оштетување на возовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top