| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ: 200 хулигани ни ја рекетираат државата 25 години

Шефот на Динамо Здравко Мамиќ бурно реагираше на прекинот на натпреварот меѓу Хрватска и Чешка.

  • Ако недела дена обичните навивачи знаат дека ќе се случи ова, тогаш тоа зборува за неспособноста на државата – изјави Мамиќ за хрватски „24 сата“.

За нападот со бакли и тепачката на дел од навивачите на стадионот во Франција, Мамиќ смета дека виновна е државата и олитичката елита на Хрватска.

  • Огорчен сум од сите кои ја водеа државата сите овие години. Државата не функционира! Репрезентацијата, Динамо и Хајдук се казнети 500 пати, веќе однапред сме казнети на натпревари без глеачи. За се се виновни нашите политички елити кои соработуваат со хулигански банди за евтини политички поени, добивање на гласови за парламентарните и претседателски избори – обвинува Хрватот.

Тој го спомена и случајот на Динамо кој со години добива казни од УЕФА. Ги прозва последните два министра бидејќи не го решија случајот со свастиката.

  • Двесте хулигани ја рекетираат Хрватска веќе 25 години. Срам да им е на сите што се на власт, бидејќи ова е плод на нивното недејствување. Што направија последните два министра за случајот околу свастиката? Каква е оваа држава, па не е тоа решавање на убиство. Ми се гади што 200 хулигани го уништуваат секој натпревар на Динамо, Хајдук и на Хрватска – заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top