| четврток, 6 декември 2018 |

Планот за напад бил објавен на „Фејсбук“: Баклите се скриени, вечерва настапуваат пироманите!

Одличната игра на коцкестите на мечот Хрватска-Чешка остана во сенка по хулиганските екцеси кои ги приредија дел од навивачите и кои се најзаслужни што победата се излизга од рацете на Хрватите.

Мечот беше прекинат во 86. минута, во време кога Хрватска водеше 2:1. Баклите кои завршија на теренот, топовските удари и тепачки на хулиганите, наидоа на осуда од целиот спортски свет, но пред се од целата хрватска јавност.

Во целиот хаос и тепачки кои што настанаа на трибините, некој дури успеа да фрли и направа која што експлодираше пред еден од редарите, па сега се очекува жестока реакција од УЕФА.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, во записникот на УЕФА нема да влезе само наведеното погоре. Имено, на трибините кај што биле сместени хрватските навивачи биле забележани усташки знамиња, келтски крстови и други работи и поради сето тоа ќе одговара хрватскиот фудбалски сојуз.

Големи имиња во хрватскиот фудбал предупредија во пресрет на вчерашниот натпревар дека хулиганите подготвуваат некој напад, а за целата работа да биде поинтересна, некои од хулиганите се пофалиле на Фејсбук со „планот за нападот“ и објавиле дека успешно се внесени пиротехничките материјали на стадионот во Сент Етиен.

plan
Станува збор за план на стадионот и упатства од каде треба да бидат изведени нападите и на кои делови од стадионот ќе бидат сместени навивачките групи.

face

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top