| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во третиот шешир на жребот за СП 2017 во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија се најде во третиот шешир за жрепката за СП 2107 во ракомет кое ќе се игра во Франција.

Според рејтингот Македонија се најде меѓу првите дванаесет во рангирањето на ИХФ, а во третиот шешир се уште и Белорусија, Русија и Шведска.

Жрепката ќе се одржи во четврток во Париз по што ќе бидат познати противниците на Македонија во групната фаза.

Претстојното Светско Првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари следната година во осум градови: Париз, Нант, Лил, Албервил, Руен, Мец, Монпелје и Брест.

ШЕШИР 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија.

ШЕШИР 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска.

ШЕШИР 3: Шведска, Русија, Белорусија, Македонија.

ШЕШИР 4: Унгарија, Исланд, Египет, Пан Америка 1.

ШЕШИР 5: Тунис, Бахреин, Јапонија, Пан Америка 2.

ШЕШИР 6: Ангола, Саудиска Арабија, Пан Америка 3, вајлд-карта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top