| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на нашите одбојкари, одиме во фајнал-фор

odbojka mkd

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари петтата победа во групата А од Европската лига. Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкари ја совладаа Данска со 3-0 во сетови (25:19; 25:23, 25:23).

Најинтересен беше во третиот сет, кога по водството на Данска со 20:15, нашите одбојкари направија пресврт и сетот го добија со 25:23.

По овој триумф и дефинитивно е обезбеден настапот на фајнал-фор турнирот, каде нашате селекција настапи и во претходните две сезони. Годинава очекувањата за конечна победа во финалето се големи, најмногу поради одличната форма на нашиот состав.

Во вториот дуел селекцијата на Бугарија лесно ја совлада селекцијата на Албанија со 3-0 во сетови.

Македонија е прва во групата со 5 победи, без пораз.

Табела:

1. Македонија 13 бода (+10)
2. Бугарија 11 (+7)
3. Данска 5 (-4)
4. Албанија 1 (-13)

Утре во последното коло, Македонија игра со Бугарија во 19:30 часот, а со освојување на два сета од тој дуел ќе ја завериме и првата позиција во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top