| четврток, 6 декември 2018 |

Запали свеќа на Духовден – Груевски со семејството во посета на црквата Свети Димитрија (ФОТО)

gruevski crkva

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска ја посети црквата Свети Димитрија која се наоѓа во централното градско подрачје во Скопје. Православните верници денес го празнуваат Духовден, кој има големо значење за верниците, што придонесе и македонските цркви да бидат преполни уште од раните утрински часови.

Откако како и сите присутни верници запали свеќи, Груевски убавото време го искористи за куса прошетка со сопругата Боркица и двете ќерки Софија и Анастасија. Тој застана и на препознатливиот штанд за книги кој се наоѓа на шеталиштето на улица „Македонија“.

gruevski2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше запиран од случајни минувачи и отпоздравуван. Тој со насмевка возвраќаше на поздравите и на секого посветуваше време за разговор.

gruevski3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top