| четврток, 6 декември 2018 |

Треска крие чудовиште кое ги брка потенцијалните инвеститори?!

Комплексот "Езеро Треска" е отворен во 1978 година во присуство на Јосип Броз Тито. Повозрасните скопјани носталгично се сеќаваат на жешките летни денови кога со своите семејства и пријатели се разладувале на брегот на скопското езеро, чија скоро цела должина била населена со камп-приколки, па за време на летниот распуст целиот град бил преселен и уживал во убавините и забавата која ја нудело езерото Треска.

На само неколку километри од градот, опкружен со зеленило и планината Водно, Треска претставувало синоним за атракција. На местото на некогашните камп-приколки, денес владее пустош, површини обраснати со треви, и по некоја приколка во која живеат семејства кои немаат покрив над главата, пишува „Вечер“

На само чекор од љубопитните погледи на туристите, на само еден срцев такт од носталгичните приказни на скопјани, на само потег од надлежните власти, на 15 минути од центарот на главниот град, се простираат приказните кои езеро Треска ги има напишано пред многу години. Префинетоста на езерото Комо, шармот на Женевското Езеро, опуштеноста на езерото во Блед, обединети во убавото скопско езеро, некогаш секојдневие на скопските рекреативци, а денес напуштено мочуриште.

%2fimages%2f390455-treska-krie-chudovishte-koe-gi-brka-potencijalnite-investitoriЗа оваа приказна на градот се раскажува и прераскажува долги години назад, од различни генерации, секој со своето искуство и спомени.

“Езеро Треска” на само 8 километри од центарот на градот, кое е изградено во 1978 година со самопридонес на жителите на Град Скопје претставува рекреативна зона која се простира на 136.000 метри квадратни, длабочина од 1,6 до 3 метри и располага со капацитет од 10 илјади капачи.
Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата. Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани. Вистината е дека постои иницијатива, но поради нерегулурани имотно-правни односи, се уште се работи на добивање согласност од Министерството за транспорт и врски и Министерството за екологија за реконструкција на целиот објект околу езерото, како и самото езеро.

Езерото Треска кое денес е под надлежност на Општина Сарај претставува спортско – рекреативна зона, чиј карактер би се задржал и откога истото би било реконструирано.
Од Општината нагласија дека планот за реконструкција на овој рекреативен објект е изработен од страна на Градежен институт Македонија АД Скопје, и проектот би требало за брзо време да биде готов.

390448-treska-krie-chudovishte-koe-gi-brka-potencijalnite-investitori

Најголема пречка за реализација на овој проект претставува прочистувањето на водата во езерото.

– Со компарација на добрите практики на останатите држави кои се соочиле со ваков сличен проблем, каде има езера со приближно иста количина на вода, и со консултација на стручњаци од оваа област, во план е да се пронајде соодветен начин и техника за прочистување на езерото, се со цел овој дел од градот повторно да заживее и да биде радост и секојдневие на граѓаните, велат надлежните од Општина Сарај.

Повозрасните скопјани носталгично се сеќаваат на жешките летни денови кога со своите семејства и пријатели се разладувале на брегот на скопското езеро, чија скоро цела должина била населена со камп-приколки, па за време на летниот распуст целиот град бил преселен и уживал во убавините и забавата која ја нудело езерото Треска.

На само неколку километри од градот, опкружен со зеленило и планината Водно, Треска претставувало синоним за атракција.

На местото на некогашните камп-приколки, денес владее пустош, површини обраснати со треви, и по некоја приколка во која живеат семејства. За лежарина на приколките, сопствениците на истите годишно плаќаат по 120 евра. Се зборува дека сопствениците на приколките ги даваат истите под наем на семејства кои тука живеат, за мал паричен надомест.

Целата сторија прочитајте ја на „Вечер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top