| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на нашите одбојкари против Албанија

odbojka-mkd-alb-16062016

Македонската одбојкарска репрезентација со победа против Албанија го започна турнирот во Европската лига, кој три дена ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Малку потешко од очекуваното нашите одбојкари ја совладаа селекцијата на Албанија со 3-2 во сетови.

Албанците ни одземаа еден бод, но и два освоени бода треба да бидат доволни за пласман на фајнал-фор турнирот.

Нашите одбојкари тешко го започнаа мечот, Албанија го доби првиот сет со 25-23, што беше нивни прв освоен во Европската лига.

Тешко беше и во вториот сет, но овој пат Македонија го доби со 25-23. Албанија повторно поведе добивајќи го третиот сет со 25-20, тоа значеше и бод за Албанците.

Избраниците на Жарко Ристовски се консолидираа во продолжение и ги добија следните два сета со 25-18 и 15-10 за конечна победа од 3-2 во сетови. Посебно во нашите редови се истакна капитенот Никола Ѓоргиев Во другиот натпревар Бугарија ја совлада Данска со 3-1 во сетови.

По четири одиграни кола (заедно со трите претходни од турнирот во Варна), ситуацијата на табелата е следна:

1. Македонија 10 бода (+7)
2. Бугарија 8 (+4)
3. Данска 5 (-1)
4. Албанија 1 (-10)

Утре играме против Данска и доколку освоиме барем бод загарантиран ни е пласманот на фајнал-фор турнирот во Варна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top