Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со Роберт Бенџамин, регионален директор на Националниот демократски институт за Централна и Источна Европа, на која се дискутираше околу актуелната политичка состојба во која што се наоѓа Република Македонија и предизвиците со кои се соочува.
Од страна на регионалниот директор Бенџамин беше реафирмирана поддршката која што во континуитет ја дава НДИ на политичките партии и институциите во земјава, а пред се на Собранието.
Ставот на НДИ во однос на специфичните прашања со кои се соочува државата, како што истакна Бенџамин е дека најодржливи се автентичните решенија кои би произлегле од релевантните домашни фактори.
На средбата беше поздравена досегашната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ со заклучок од двете страни дека постои можност за нејзино натамошно унапредување.
Регионалниот директор на НДИ презентираше и дел од проектите на кои што ќе работи институтот во иднина изразувајќи надеж дека како и досега тие ќе бидат од полза на политичките субјекти во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст