| четврток, 6 декември 2018 |

Домашен притвор за В.Т. од Битола, опфатен со предметот „Транспортер“ на СЈО

Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 14 јуни годинава и жалбата на оосмничениот В.Т. од Битола кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ против решението на судија на претходна постапка на овој суд, се одбиваат како неосновани, информира Основен суд Скопје 1 – Скопје.

– Решението на судијата на претходна постапка од 13.06.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В.Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 , 2 и 3 од ЗКП. Истовремено се забранува осомничениот В.Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против него ќе се определи мерка притвор, соопшти Основен суд Скопје 1.

Надзорот над куќниот притвор, се посочува во соопштението, се наложува да го извршува СВР Битола при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом.

– За секое непочитување на решението од страна на осомничениот се задолжува надлежна полициска станица веднаш да го извести Основен суд Скопје 1 – Скопје, се потенцира во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Се прецизира дека против ова решение е дозволена жалба во рок од 24 часа преку Основен суд Скопје 1 до Апелационен суд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top