25-годишната студентка на компаративна книжевност од Лидс, Рут Клајмс, го посрамоти модниот бренд Х&M кога на официјалната страница на Фејсбук на фирмата објави своја фотографија. Таа ноди конфекциски број 44, a во моделите на Х&M не ѝ одговара ниту 46. Таа објави фотографија на која не може да влезе во фармерки што ги купила во Х&M. Иако носи помал број, земала поголем и мислела дека совршено ќе ѝ прилегаат. Но, за жал, совршено се излажала.
Да биде бељата поголема купила без да проба и топ со големина М, но и тој ѝ бил премал.
Нејзината порака дека величините се нереално мали ја подржале корисниците на социјалните мрежо. Нејзниот пост набрзо собра дури 65.000 лајкови, 7000 коментари, а беше споделен повеќе од 8000 пати.
„Немам вишок килограми (иако тоа не е ни важно) за висината. Доволно е тешко да најдам облека за висината, зошто ми отежнувате со облека која е нереално мала? Величината 46 е најголема која ја имате, освен вашата „рlus size“ колекција која е многу сиромашна. Предебела ли сум за вас?“, пишува Рут во коментарот.
Минатата година беше спроведен истражување во оваа фирма, кое покажа дека некои кукли во излозите кои преставуваат возрасни луѓе имаат мерки на седумгодишно дете.
Од Х&M се извинуваат и објаснуваат дека величините им варираат од продавница до продавница во некои држави и дека ги подредуваат на пазарите, пишува Дејли меил.
„Ви благодариме за забелешката. Ќе го разгледаме проблемот. Сакаме нашите купувачи да се чувствуваат сигурно и самоуверено“, велат од Х&M.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст