| четврток, 6 декември 2018 |

Британците исплашени од летоците пред референдумот: Во ЕУ ќе влезат Македонци, Албанци, Турци, Срби…

Пред референдумот на кој Британците ќе одлучат дали да останат во Европската унија или не, се појавија летоци против останувањето во ЕУ, пишува „Точка“. Авторите на летоците кои што осамнаа на улиците на Лондон и останатите англиски градови ги плашат гласачите дека во Европската Унија ќе влезат балканските држави, но и држави како што се Либија, Сирија, Алжир, Египет и други.

„Планирано е Европската Унија ад се удвои до 2030-та година“, пишува на летокот кој е се прошири на социјалните мрежи.

Под тој наслов, се наоѓа мапата на Европа, Блискиот исток и Северна Африка, на која со сина боја се обоени сегашните земји членки на Европската Унија, а со црвена боја се обоени 30 држави кои се уште не се во ЕУ, но според авторите на летокот, тие држави до 2030-та година ќе станат дел од Европската Унија.

Нацртани се и две црвени стрелки кои покажуваат кон Велика Британија, едната доаѓа од Белорусија, Украина и Молдавија, а другата од северноафриканските земји, што сугерира дека мигранти од тие држави ќе пристигнат на Островот доколку Велика Британија не излезе од Европската Унија.

На левата страна се испишани имињата на земјите кои што наскоро треба да се приклучат во Европската Унија – прва е Турција, втора е Македонија, па следуваат Црна Гора, Албанија, Србија, БиХ, Косово итн.

Сепак, најмногу го привлекуваат вниманието државите од Блискиот исток кои никогаш, барем не јавно, не биле споменувани како можни земји членки на Европската Унија, како што се Израел, Сирија, Јордан, Палестина и земјите до Кавказот. За целиот циркус да биде уште поголем, како идни членки на Европската Унија се наведени и државите од Северна Африка, нешто што во најмала рака звучи смешно.

Опасност: Пристигнуваат Македонци, Албанци, Турци, Срби…

britanija-letok-makedonija-evropska-unija-tocka-2016-02

На вториот леток се нагласени земјите кои што наскоро треба да се приклучат на Европската Унија. Прва е Албанија, следува Македонија, па Црна Гора, Србија и Турција.

На мапата се наоѓаат споменатите балкански држави и бројот на жителите, а веднаш под Турција, со црвено се обоени и Сирија и Ирак, веројатно да им покажат на луѓето колку всушност Турција е блиска до овие земји во кои што со години беснее војна, односно голем дел од нив е под контрола на Исламската држава.

Референдумот во Велика Британија е закажан за 23-ти јуни и во следниот период кампањата дополнително ќе се интензивира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top