По поразот од Македонија во Скопје со 34-27, што ѝ донесе уште една елиминација на Чешка, овој пат во баражот за СП 2017 во Франција, менаџерот на чешката репрезентација Карел Ночар најави протест до Европската ракометна федерација. Чесите имаат забелешки за одлуките на романските судии Богдан Старк и Ромео Стефан.
„Тоа што се случи вчера во Скопје, не смее да се повтори никогаш! Како одговор на одиграните натпревари ви ги испраѓаме нашите забелешки за она што се случуваше на теренот во Скопје за да го свртиме вниманието на генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер, одговорниот за натпревари, Маркус Глазер и до претседателот на судиската комисија, Драган Начевски. Ова нема да биде протест, туку предупредување дека ако сакаме да постигнеме развој во нашиот спорт, да бидеме пример и инспирација за младите ракометари и за децата, вакви работи какви што се случуваа вчера од страна на судиите во Македонија, не смее да се случуваат! Ние не сакаме ова да се случи никогаш повторно и затоа се одлучивме за ваква реакција. Ова е нешто што е од голема важност и оваа реакција ќе биде испратена до претседателот на Чешката ракометна федерација, Радек Бендл за да го сврти вниманието на споменатите лица од Европската ракометна федерација“, стои во реакцијата од менаџерот на чешката репрезентација, Карел Ночар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст