| четврток, 6 декември 2018 |

Тите е новиот селектор на Бразил

Откако пред два дена беше потврден отказот на бразилскиот селектор Карлос Дунга, федерацијата на Бразил мораше да се пушти во потрага по нов селектор.

1404901480_tite

Дунга по втор пат доби отказ од селекторската позиција на Бразил, откако неговата репрезентација имаше пех на овогодинешното издание на Копа Америка, каде беа елиминирани веќе во групната фаза.

За нов селектор на Бразил е избран 55 годишниот Тите, кој што досега како тренер има го водено тимот на Коринтианс, а овој клуб во минатиот период го водеше 378 натпревари во три наврати.

Дали токму овој селектор ќе биде иднината на „Селесао“ треба да даде одговор следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top