Јапонија една од најголемите светски сили. Затоа, може слободно да се каже дека секој може да научи нешто корисно од неа и да почне да го применува во своето секојдневие.

1. Јапонските деца секој ден заедно со наставниците ги чистат своите училишта за да научат да ја почитуваат чистотата, но и работата.
2. Просечното доцнење на возовите во Јапонија годишно е 7 секунди. Времето се почитува.
3. Работниците кои водат сметка за хигиената во Јапонија се нарекуваат „инженери на здравјето“ и се многу добро платени.
4. Јапонија, практично, нема природни ресурси, секоја година ја погодуваат околу 100 земјотреси, но и покрај тоа, таа е втора светска економска сила.
5. За Хирошима биле потребни само 10 години за целосно да се обнови по атомската бомба. Навременото и целосното завршување на обврските е многу важно во Јапонија.
6. Во Јапонија мобилните телефони не се користат во градскиот превоз, рестораните и на јавните места затоа што тоа ги вознемирува другите луѓе.
7. Децата од прво до шесто одделение учат етика за односот кон другите луѓе.
8. Иако Јапонците спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, тие речиси никогаш немаат домашни помошници или дадилки. Родителите секогаш сами се грижат за децата.
9. Децата во помалите одделенија немаат оценки. Целта на образованието е пред сѐ градење здрава личност.
10. Во рестораните ќе забележите луѓе што јадат точно толку колку што им е потребно. Храната никогаш не се фрла.
11. Секој што има куче мора да носи вреќички и да чисти по своето милениче. Чистотата е дел од јапонската етика.
12. По оброкот, децата на училиште секогаш ги мијат забите.
13. Децата во училиштата имаат пауза од половина час, иако можат да го завршат оброкот за многу пократко време. Но, Јапонците сметаат дека е важно да се јаде во мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


