На Ештон Качер и Мила Кунис им се допаѓа што се родители. Тие ја имаат 20- месечната ќерка Вајат Исабел, а сега се во исчекување и на второто бебе. Оваа вест ја потврдиле блиски пријатели до парот за американскиот магазин People.

Мила Кунис и Ештон Качер
Тие го добија своето прво дете во октомври 2014 година, а се венчаа следната година. Пред тоа Ештон беше во брак со Деми Мур и тоа од 2005 до 2013 година. И двајцата уживаат во родителството, а Мила минатата година откри дека дефинитивно сакаат да имаат повеќе деца.
– Одгледувањето на мал човек се сведува на балансирање. Учев како да бидам одлична партнерка, одлична жена и мајка, а како да останам „јас“ и уште да бидам одговорна за едно мало суштество. Дефинитивно тоа ми беше школо, изјавила Мила во едно интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


