
Полицијата во Флорида соопшти дека е пронајдено телото на двегодишното дете, кое беше грабнато од алигатор во одмаралиштето близу до забавниот центар „Дизни Ворлд“.
Нуркачите го пронашле телото „цело и недопрено“ без да биде растргнато, како што тоа обично се случува во вакви инциденти со алигаторите. Малечкиот Лејн Гревс од сојузната држава Небраска, бил на одмор со целото свое семејство во одморалиштето и „Дизни центарот“.
Во вторникот, додека малечкиот стоел покрај водата на лагуната бил грабнат од еден алигатор, на шокираност од родители кои биле недалеку од детето.
Таткото се фрли во водата во обид да го спаси синот, но не успеал.
Повеќе од 50 луѓе учествуваа во операцијата за пронаоѓање на детето. Опремени со специјални сонари тие ја проверувале целата област, со мали езерца и канали, сите поврзани со лагуната Севен Сис, каде се случил инцидентот.
Медиумите во Флорида пишуваат дека нема никаков знак за забрането пливање и влегување во водата во лагуната, која е изградена за потребите на одморалиштето, но полицијата од порано потврди дека детето не било во водата, ниту некој се капел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


