| четврток, 6 декември 2018 |

Очајнички потег на Писториус: Ги извади протезите за да му се смилуваат

piktorius

Оскар Пикториус (30) вчера на сослушувањето ги извади протезите за да покаже колку е ранлив без нив. Му било срам да го направи тоа, но морал, вели неговиот адвокат.

Јужноафриканскиот параолимпиец се појави во Високиот суд во Норт Гаутенг во Преторија на последното сослушување за случајот убиство на неговата девојка Рив Стинкамп пред три години на Св. Валентин. Одбраната бара замена на затворската казна со општественокорисна работа, а обвинителот тврди дека трофејниот спринтер никогаш не се покајал и треба да отслужи затворска казна.

piktorius 2

Кон крајот на минатата година Врховниот суд го прогласи за виновен за убиството на својата девојка, некогашна манекенка, по што првостепената пресуда од 2014 година за убиство од немарност, за која требаше да одлежи 5 години, му беше преиначена во убиство, за кое доколку се докаже дека е виновен, ќе треба да помине 15 години во затвор.

Спринтерот, кому му се ампутирани двете нозе се уште тврди дека во моментот кога пукал во вратата на бањата верувал дека се работи за натрапник, а не за неговата девојкка, која умре на самото место со четири прострелни рани.

Поддршка му дава поранешната девојка

66a459a8fcb890216607

Џена Етконс, девојката со која минал пет години пред Рив, му е единствената голма поддршка на Пикториус. Постојат шпекулации дека тие двајца повторно се во врска, зашто последните денови на слобода ги минува токму со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top