Браќата Тавитјан се појавија на насловната страница на њујоршкиот весник „Mirror Spectator“. Гаро јуниор и Дики, се едни од најдобрите македонски музичари. Одлични џез музичари, одлични музички креативци, одлични тапанари како својот татко посебно Гаро Јуниор, а Дики свири клавијатура. Нивните албуми добија највисоки оценки од критичарите, тоа се: „Treasure“ и „Македонски неправилни ритми“ – Macedonian Rhythm & Improvisation, а нивна е и музиката за претставата „Александар Македонски“, каде Гаро во живо, на секоја претстава ја свири музиката.
На насловната страна на овој престижен весник, Македонија се споменува под уставно име.
-Tavitjan Brothers, џез состав од Македонија, го имаа своето музичко деби во САД. Тие свират уникатна џез музика – мешавина од џез, рок, фанк и традиционална македонска музика, вели новинарот во извештајот за настапот на македонските музичари.
Гаро Тавитјан оваа фотографија ја објави на својот Фејсбук профил, а таа наиде на безброј позитивни коментари и лајкови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.