Од почетокот на нивната врска до денеска Игро Којиќ и Северина не кријат колку се сакаат. Без оглед колку работни обврски имаат, овој среќен пар секогаш е заедно, а сите проблеми и работи ги извршуваат држејќи се за раце. Покрај тоа не ретко Игор знае да ја изненади убавата Сплиќанка со симпатични пораки на Инстаграм, а таква е и оваа.
Имено тој објави фотографија настаната во момент кога заљубено ја гушка Северина, а описот на фотографијата совршено одговара на овој мал семеен портрет.
-Целиот свет во моите раце- напиша Игор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.