Познатиот српски актер Милорад Мандиќ Манда почина денеска на сцена во премиерата на детската претстава „Петар Пан“ во театарот Вук Караџиќ.
Познатиот актер, кој кај балканската публика е познат по бројните улоги во поголем број филмови, меѓу кои и во „Убавите села, убаво горат“ (Лепа села, лепо горе) и „Ивкова Слава“ бил пренесен на Ургентниот центар, но реанимацијата не успеала.
Публиката прво мислела дека се работи за дел од актерската игра, но потоа се спуштила завесата, а луѓето биле замолени да излезат од театарот.
-Претставата започна нормално и се бепе во ред првите 15 минути, а потоа на сцената падна манда, кој го толкува ликот на Капетан Кук. Мислевме дека е таква сцената, а потоа се запалија светилките и сфативме дека нешто не е во ред, раскажува мајка која била со децата на премиерата.
Збунетата публика се уште не сфаќала што се случува кога на сцената истрчала неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст