Плаќањето со картичка во странство е едноставно, но ако не ги познавате банкарските замки доволно добро, може многу да ве чини.
Најскапо е ако вадите пари од банкомат на други банки, а има провизија и ако плаќате со картичка во продавница. Така, провизиите за вадење пари од банкомат во странство се движат од еден до три отсто или се наплаќа фиксен износ од 3 до 5 евра по трансакција.
За истата иуслуга на шалтер предвидена е провизија од три до пет отсто, односно од 3 до 5 евра за трансакција. Провизија се плаќа и за стока каупена од продавница преку ПОС терминал и обично изнесува околу 1 отсто.
Заблуда е дека нема провизија ако се користи банка од иста групација. Ретки се банките кои не наплаќаат провизија за подигање пари од банкомат и кои имаат таков догово со матичната банка во земјата.
Други правила важат за девизните сметки и во тој случај провизијата, во зависност од банката, е двојно помала, и нема трошоци од конверзијата на валутите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст