Цеца на Кипар го прослави својот 43 роденден, со некои членови на своето семејство, но не и со манекенот Александар Јововиќ, како што пишуваа некои медиуми.
-Точно е дека сум на Кипар и дека тука го прославив роденденот, но со поедини членови на семејството и секако не со Александар. Тоа е целосна глупост и веќе не знам до каде ќе одат луѓето во своите лаги- рекла Цеца.
Таа потенцира дека со Александар се само пријатели.
-Отсекогаш сме биле само пријатели и така ќе остане, не ми е јасно до кога ќе се линчуваат луѓе само затоа што се мои пријатели. Зошто било која да биде жртва заради тоа?Момчето се најде во центар на вниманието поради лажна информација, а на сите им е јасно дека не сака да биде дел од јавната сцена. Па да сме заедно зарем досега некој немаше да не фати и тоа да го документира?Ама нема докази. Криво ми е што недолжен трпи удари- изјавила Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.