Советодавното тело при Царинската управа денеска одржа состанок на кој пред бизнис заедницата беа презентирани новитетите и можностите за олеснување на царинското работење.
Една од можностите за олеснување на царинското работење е поднесувањето на електронско барање за пристап кон ИКТ системите на Царинската управа со користење на еден образец. Со воведувањето на овој образец, корисниците ќе можат да добијат пристап кон еден или повеќе електронски системи на Царинската управа.
На состанокот беше најавено и донесувањето на новата Процедура за правилно утврдување и евидентирање на нормативот кај текстилната индустрија. – Со оваа Процедура ќе се дефинираат производите кои се добиваат при процес на облагородување, односно што претставува главно добиен производ, споредни добиени производи, како и отпадоци добиени во постапка на облагородување и како истите се изразуваат при извоз во фактура. Процедурата ќе придонесе за значително олеснување во работењето на текстилниот кластер, на царинските службеници кои работат на оваа проблематика, велат од Царината.
На состанокот е разговарано и за имплементацијата на Спогодбата за олеснување на трговијата со Светската трговска организација при што е истакнато значењето на овој документ, како и тоа дека Македонија има меѓународно верификувани најдобри резултати во регионот и меѓу подобрите резултати во глобални рамки во подготвеноста за примена на одредбите од Спогодбата.
Презентирана е и можноста за безготовинско плаќање која е воведена на почетокот од минатата година, а сега е дополнета во поглед на наплата на терминалните такси, а најавени се и ефектите од примената на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Косово со што ќе се овозможи извоз на македонски производи со користење и на суровини од ЕУ.
Советодавното тело при Царинската управа брои 13 членки. Покрај членовите од Царинската управа, во ова советодавно тело членуваат и претставници од стопанските комори, АМЕРИТ, Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори, МАСИТ и Кластерот за текстил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст