| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар од плинска боца во Кавадарци

Пожар од плинска боца настана попладнево во Кавадарци пришто на лице место интервенираа пожарникари од територијалната противпожарна единица од овој град.

– За среќа повредени нема. Се работи за неправилно поставена обична плинска боца за готвење, без сигурносен вентил. Наместо на метална подлога и обиколена со метални огради како заштита од ветер, во случајов боцата беше поставена на дрвено шкафче и обиколена со дрвени иверици. Од ветерот се запалила иверицата, појаснија од противпожарната служба.

Оттаму апелираа за внимателност кај населението и правилно поставување на плинските боци за готвење. Притоа нагласија дека најдобро е кога боците се поставуваат на тераси, оти тогаш и евентуалните штети се помали, во случај на експлозија или слично.

За среќа, материјалната штета не е голема. Од противпожарната служба додаваат дека ако во зима најчести се пожарите на неправилно изведени оџаци, во лето најмногу пожари има како последица од плински боци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top