| четврток, 6 декември 2018 |

Дете паднало од велосипед, со тешки повреди пренесено во Скопје

Вчера во 14 часот во с. Радуша се случила сообраќајна незгода во која 15-годишно дете од истото село, управувајќи велосипед „пинифанино“ изгубил контрола и паднал.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во ГОБ„ 8 Септември“ е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ поради сериозноста на повредите.

Увид на самото место извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top