Да се укинат визите за македонските државјани за влез во Мексико – побара премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Мексико каде имаше средба со претседателот на Мексико, Енрике Пења Мието кој истовремено е и претседател на Владата,
-Ова е прва ваква средба на ниво на премиер односно претседател во која што отворивме повеќе прашања коишто може понатаму да ги продлабочат нашите односи. Меѓу останатото, побаравме тие да ги укинат визите за нашите граѓани бидејќи сега сè уште има визи. Тој беше зачуден дека се уште останале визите за македонските граѓани, така што очекувам во наредниот период дека ќе започне процедурата за укинување на визите. Ние веќе го завршивме нашиот дел, ги укинавме визите за граѓаните од Мексико – рече Груевски.
Со Пења Мието развоварале и за соработката во рамките на ОН, при што било договорено досегашната соработка во иднина да се подобрува и унапредува. Премиерот Груевски го поканил Пења Мието да ја посети Македонија, но побарал и да размислат да отворат амбасада во Република Македонија, со оглед на тоа што мексички амбасади има во околните земји.
– Тој се интересираше за нашите состојби во Македонија и пред се за нашите релации за членството во НАТО и ЕУ. Од тој аспект му ги кажав состојбите и приликите што Македонија ги има и со предизвиците со кои се соочува за членство во НАТО и во ЕУ. Пења Мието покажа голем интерес и за економската состојба кај нас, односно за можностите за привлекување инвеститори. Побара од нас да дадеме дополнителни информации кои тие ќе ги претстават до нивната Агенција за промоција на извозот, за во ситуации кога на нивни компании, коишто и онака одат во Европа, им се потребни и да им ги дадат како препорака за избор на дестинација да биде Македонија, истакна премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница