Американската полиција трага по 2-годишно дете кое на плажата на хотелот „Дизни“, во близина на Орландо – Флорида, било зграбено и одвлечено од алигатор, соопштиле денес локалните власти.
Инцидентот се случил во 9.20 часот по локално време, пренела американската мрежа „Си-Ен-Ен“.
– Семејството на детето се одморало на песочниот дел од брегот во близина на лагуната Севн Сиз, која е во сопственост на хотелот, и оделе по плиткото на брегот на езерото кога алигаторот го нападнал детето – изјавил шерифот на округот Оринџ, Џери Деминг.
Потрагата по 2-годишното дете сè уште трае, но полицијата наведува дека шансите детето да биде пронајдено живо се многу мали.
– Веќе минаа неколку часа и тажната реалност е дека детето веројатно нема да го пронајдеме живо – додал шерифот Деминг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст