| четврток, 6 декември 2018 |

Нов примамлив избор ‒ „HUAWEI P9 lite“

android_post

Набргу по лансирањето на „Huawei P9“ во април оваа година, „Huawei“ во мај ја донесе и неговата верзија „P9 lite“, чија главна предност е поатрактивната цена во однос на карактеристиките што ги имаат неговите P9 „претходници“.

Па, да ги видиме разликите…

Според нивниот преден изглед и ознаките, и двата телефони се слични, имаат речиси иста големина и тежина, идентични заоблени агли, имаат метален финиш и имаат екран од 5,2 инча, така што, гледани отстрана, тешко се разликуваат. Иако се нарекува „лајт“, сепак е малку потежок и поголем од „P9“, a разликата е минимална (143 g наспроти 147 g). Главно, разлики има во задниот изглед на телефонот поради различната камера што е вградена. Претходникот „P9“ има дуална камера „Leica“, додека, пак, „P9 lite“ повеќе наликува на „Huawei P8“, со поединечна камера во правоаголен отвор. Инаку, и кај двата уреди на задниот дел е вграден сензорот за отпечатоци за заклучување/отклучување на допир.

Во однос на екранот, и двата телефони нудат сосем доволна големина од 5,2 инча, со резолуција „Full HD“ и со технологија „IPS LCD“, која обезбедува силна осветленост и прецизна колоритност, како и солидни агли на видливост.

Huawei P9 lite 1

Од аспект на оперативниот систем, и двата се базираат на најновиот „Android 6.0 Marshmallow“ зајакнат со „Emotion UI (aka EMUI) 4.1“. Она што може да се каже и од почеток е видливо за перформансите е тоа што „P9“ e опремен со помоќен осумјадрен процесор Kirin 955 со 3 GB RAM, додека, пак, „P9 lite“ ја има средната категорија на овој осумјадрен процесор Kirin 650 и поддршка од меморија со 2 GB RAM.

Поскапиот модел „P9“, истовремено има внатрешна меморија со капацитет од 32 GB во однос на 16 GB внатрешен простор на „P9 lite“, но, за среќа, и двата телефони нудат можност за дополнителна меморија од 128 GB преку картичка „MicroSD“. Исто така, и двата телефони имаат одличен аудиозвук и кај двата е вградена фиксна батерија од 3.000 mAh, која во комбинација со ефикасните перформанси и опции за штедење енергија може да го одржи телефонот во работна состојба, според некои тестови, и до 2 дена.

Во однос на камерата, сепак ќе му дадеме предност на моделот „P9“, иако и камерата на „P9 Lite“со 13 MP, со автофокус и двоен блиц LED, им овозможува на аматерите-фотографи да добијат чисти и живописни слики, додека, пак, за љубителите и за познавачите на професионалната фотографија постои опцијата „pro camera mode“, преку која можат едноставно да ги регулираат ISO, EV, светлината, брзината на блендата, за уште подобри ефекти.

И кај двата телефони е поставена предна камера со 8 MP, која нуди снимање со резолуција „Full HD“ за совршени „селфи-фотографии“ и дење и ноќе.

octa_core_post-bez logo

Сè на сè, доколку барате телефон што изгледа исто толку модерно, елегантно и рафинирано како „Huawei P9“, тогаш „Huawei P9 lite“ е вистинскиот одговор за вас. Разликите во однос на некои од внатрешните карактеристики и камерата кај „P9“ ја овозможуваат, пак, поатрактивната и попристапна цена на новиот „Huawei P9 lite“. Овој телефон можете уште денес и сами да го разгледате и да го набавите ексклузивно во салоните на Македонски Телеком

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top