Советот за надворешни работи на Европската унија ја закажа за 20. јуни својата последна седница пред Самитот на Европскиот совет на која расправата за состојбата во Република Македонија е ставена како главна точка, а не под точка „разно“ како што беше претходно планирано. Mинистрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, по предлог на Сојузна Република Германија и Велика Британија ќе расправаат и дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.
Вчера и официјално е одложен Самитот на Европскиот совет, кој наместо во четврток и петок (23 и 24 јуни) како и секогаш, овојпат ќе се одржи на 28 и 29 јуни (вторник и среда) во Брисел, поради тоа што идната недела се одржува референдумот за излез на Обединетото Кралство од Европската унија, па шефовите на држави и влади на ЕУ-земјите ќе го чекаат исходот од него пред да се сретнат. Но, и покрај ова одложување, холандското претседатество со Унијата одлучи Советот за надворешни работи да не биде два дена пред Самитот на ЕС, како што е секогаш случај, па го закажа за понеделник (20. јуни) во Луксембург, како што беше и одамна планирано.
Инаку, шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот, покрај дискусијата за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ-политика за Арктикот и тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.
Претходно најавуваната можност за воведување на некаков вид на санкции кон поединци во Македонија поради политичката криза е целосно отфрлена, бидејќи за такво нешто е потребна едногласност кај сите земји-членки на Унијата, а таа не постои поради противење на Грција, Унгарија, Полска, Словенија и Хрватска на какво било санкционирање во однос на состојбите во македонската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст