| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе врне или не? Во обложувалници се типува на временска прогноза

Освен за спортски резултати, обложувачите во Србија гледаат и во РХМЗ – секој што ќе уплати тикет за прогнозирање, дека до крајот на јуни температурата ќе достигне до 45 степени, може да добие осум пати повеќе пари.

2betor2win1-30334o79pqvrgbyynakoow

Во билтените на одредени обложувачници меѓу таканаречени специјални се најде „ најтоплиот ден во Србија“, каде што квотата е осум дека температурата барем во еден момент до крајот на јуни било каде од Палиќ до Кошара, односно од Димитровград до Дрина, повеќе од 44,9 степени.

Обложувачите имаат алтернативна можност да типуваат на „најтопол ден во Белград“, каде границата е за три степени пониска и се наплаќа секоја температура во главниот град ако е повеќе од 41,9 степени. Добивката е иста – осум пати поголема од влогот.

Постои можност на прогнозирање и најтопол зимски ден во Белград, а квотата е исто осум и тоа на температура поголема од 24,5 степени во главниот град.

На „специјални“ се „најстуден ден во Србија“ и „најстуден ден во Белград“, сè уште без ограничувања и квоти.

За добивката, меродавни се податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top