| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Карпош: Дебар маало и Стара Рампа се најгрди населби – создадени од СДСМ

karpos

– Најгрдиот дел во Скопје е Дебар маало, чијшто творец е главниот „урбанистички апологет“ на СДСМ Мирослав Грчев, а второто место по урбана грдотија е Стара Рампа во Кисела Вода, чијшто идеен творец е Љупчо Димов поранешен градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ. Активистите на оваа партија преку разни форми се мачат да соберат едвај 150 луѓе прибрани од цело Скопје за наводна урбана загрозеност на Карпош. Очекуваме наредниот пат дури и да увезат демонстранти за да симулираат незадоволство во Општината, која е најпосакувана за живеење, која има најмногу зеленило и која троши од сопствениот Буџет за одржување на хигиената и зеленилото, стои во соопштението на општина Карпош, кое беше објавено вчера.

– Општина Карпош е најцветната општина во Градот и пошироко. Во текот на есента и зимата, насадени се над 1.500 садници млади дрвја, со што зеленилото во Карпош само дополнително се збогатува и зголемува. Оној кој што не сака тоа да го види, очигледно е заслепен од политичката манипулација на СДСМ, а ние и натаму ќе ја развиваме општина Карпош според потребите и желбата на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top