| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Париз: Протестот на работниците се претворил во улична војна

Десетици илјади луѓе денес протестираа во Франција поради најавените реформи во законот за труд, а полицијата морала да употреби солзавец бидејќи групата демонстранти фрлала камења кон полицијата.

Седум синдикати и студентски организации повикаа на демонстрации поради законот кој ќе го олесни отпуштањето на работници, а на штрајковите ширум Франција им се придружија и железничките работници и таксистите. Ајфеловата кула денес поради протестот на работниците е затворена бидејќи операторите велат дека не можат да гарантираат јавна безбедност. Такситите утринава привремено блокирале некои од главните патишта во Париз.

Неколку стотици демонстранти се судриле со полицијата која уапсила 11 луѓе, додека се повредени 26 лица за време на конфликтите кои се последни во низата на насилни демонстрации од почетокот на протестите за реформите во законот кои започнаа во март.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top