Во 19 часот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, 58-годишната С.К. и нејзиниот сопруг, четири години постариот К.К. од Србија, се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија. По извршена пасошка контрола им било дозволено да остварат излез од земјава, а во тој момент на жената ѝ се слошило. Била повикана медицинската екипа од аеродромот, која ја пренела во амбулантата на граничниот премин за да ѝ пружат медицинска помош. И покрај укажаната прва помош, во 20 часот и 15 минути С.К., за жал, починала.
Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на полицијата.
Телото на починатата е пренесено во Судска медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст