Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје го распиша новиот Конкурс за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и студенти за насока кризен менаџмент, заштита и спасување прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.
Термините за поднесување на документите во првиот уписен рок се на 27, 28 и 29 јуни 2016 година од 08,30 – 16,30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и свидетелствата за завршена четврта година средно образование може да се поднесат дополнително до крајот на јули оваа година.
Од Академијата ги повикуваат заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите од Конкурсот да се пријават. Посочуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст