| четврток, 6 декември 2018 |

Меси не ја бричи брадата затоа што мисли дека таа е клучот за успехот на Копа Америка

mesi brada

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси настапува на Копа Америка со променет имиџ, инсистирајќи да не ја бричи брадата во обид таа да му донесе среќа за конечно да стигне до еден позначаен трофеј со аргентинскиот национален тим. Најдобриот фудбалер на денешницата на репрезентативен план има само титула олимписки првак од 2008 и светски младински првак во 2005 година, па јасно е зошто е подготвен за најразлични ритуали само за конечно да почне да освојува пехари и во дресот на „гаучосите“ исто како и при настапите за Барселона.

– Ако ја избричам брадата колегите од репрезентацијата ќе ме убијат. Сите сме со ист став, дека мојата брада ќе ни помогне конечно да го прекинеме долгиот пост и да стигнеме до трофеј. Затоа, бричење не доаѓа во предвид до крајот на овој шампионат – истакна Меси за шпанскиот весник „Ас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top