| четврток, 6 декември 2018 |

Блатер нема што да изгуби, но може да наштети: Топчињата во фрижидер, така се местат ждрепки

Blater

Пред ждрепката некои топчиња ги ставате во фрижидер. Така лесно се распознаваат, на допир. Јас не сум правел така, а гледам други прават.

– Никогаш не сум ги дипирал топчињата на ждрепката. Тоа го правеа други. Ниту една ждрепка во ФИФА не беше наместена додека јас бев претседател, но местеа на европските натпреварувања, објаснува во стил на сведок поранешниот претсетел на ФИФА, Сеп Блатер (80) во интервју за „Ла насион“, па детално опишува како се мести ждрепка.

Топчињата во фрижидер

Сѐ е чисто од самиот почеток. Всушност, многу е едноставно, ако сакате да ги распознаете топчињата, некои од нив ги ставате во фрижидер.  Така лесно се распознаваат, на допир. Го видов тоа на една ждрепка за европско првенство, објаснува Блатер, но не кажува зошто не презел ништо и зошто токму сега зборува за тоа, откако ФИФА беше разоткриена како криминална организација.

sep blater 2

ФИФА – криминален октопод

Американските и швајцарските влсти откирија криминален октопод во организацијата во која Блатер помина половина од својот живот. Блатер мораше да се повлече кога се дозна дека ФИФА е дувло на валкани игри, уште повалкани пари, криминал и мито, а на негово место дојде Инфантино.

Швајцарските власти истражуваат дури 133 сомнителни финансиски трансакции во ФИФА од вреето на Блатер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top