| четврток, 6 декември 2018 |

Пет нешта кои носат несреќа во домот: Исфрлете ги од дома веднаш!

Постои верување дека одредени предмети носат несреќа на семејството ако се наоѓаат на погрешно место во куќата. Дознајте за што станува збор и веднаш исфрлете ги.

Ако сакате дом без негативна енергија избегнувајте ги следниве пет ситници кои носат несреќа:

1. Огледало завртено кон креветот

Се верува дека огледалото свртено кон креветот може да предизвика проблеми во љубовната врска пуштајќи лоши влијанија однадвор во инаку добриот и здрав брак.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата најдобро да ја одредите според тоа на која страна на светот е свртена. црна врата може да имате само ако вратата гледа на север, во спротивно во вашиот дом ќе привлече лоша среќа.

3. Растение со боцки

За остри, шилести предмети исто така се смета дека носат несреќа и ако сакате вашиот дом да привлече позитивна енергија избегнувајте во него да држите растенија со боцки, како на пример, кактус.

4. Календар на погрешно место

Календар закачен на влезната врата од куќата е потсетник на минливоста на животот и се верува дека тогаш влијае на траењето на животниот век на неговите станари.

5. Слика од бродолом

Слика со бродолом претставува немир кој може да влијае на однесувањето и енергијата на станарите.

Ако сакате дом исполнет со позитивна енергија, внесете ги во него овие пет ситници кои носат среќа:

1. Свежо цвеќе

Ако ставите свежо цвеќе на некое видливо место во својот дом среќата нема да ве заобиколи. Само не ставајте цвеќе со боцки.

2. Обоена врата

Ако вратата гледа на југ обоите ја во црвена или портокалова боја, вратата свртена кон север би била сина или црна, а ако гледа кон запад изберете сива или бела боја, а онаа која е завртена кон исток ќе ви донесе среќа ако е кафена или зелена.

3. Распоред на мебелот

Се верува дека кружно поставениот мебел помага во протокот на енергијата. Исто така се смета дека креветот свртен дијагонално кон вратата од собата за спиење ќе го исполни домот со позитивна енергија.

4. Потковица

Многу култури веруваат дека потковица закачена над вратат носи среќа. Ако потковицата е завртена нагоре тоа ќе обезбеди среќата никогаш да не исчезне, а ако е завртена надолу, среќата ќе падне на секој кој ќе помине низ таа врата.

5. Ловец на соништа

Закачен во соба за спиење овој ловец ги штити станарите од лоши соништа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top