„Реквием за г-ѓа Ј“ на режисерот Бојан Вулетич е избран за програмата Works in progress на овогодинешното 51-во Издание на филмскиот фестивал Карлови Вари кој оваа година се одржува од 1 до 9 јули.
Филмот е копродуцкија помеѓу SEE FILM PRO, Србија, GEOPOLY FILM , Бугарија и Скопје Филм Студио, Македонија.
Оваа година, по 12-ти пат, режисери од земјите од Централна и Источна Европа, Балканот, Турција и од поранешниот Советски Сојуз – Албанија, Ерменија , Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија , Казахстан, Косово , Киргистан, Грузија, Грција, Унгарија, Литванија, Летонија, Македонија, Црна Гора, Молдавија, Полска, Романиј , Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Турција, Tуркменистан, Украина и Узбекистан ќе претстават нови филмови, избрани за програмата Works in progress.
Бројот на филмови кои ќе се селектираат во потесниот круг за оваа програма е ограничен на осум филма. Продуцентите и режисерите ќе ги претстават своите играни филмови кои во моментов се во производството, пост-продукција или само што се завршени и ќе имаат нивната официјална премиера по завршувањето на Интернационалниот филмски фестивал Карлови Вари.
Наградата за програмата Works in progress изнесува 100.000,00 евра Добитник на овогодинешната награда ќе добијат од партнерите на филмскиот фестивал, UPP-компанија која се занимава со разновидни визуелни ефекти и пост продукција, Soundsquare-студио за звук и Barrandov Студио-едно од најголемите и настарите студија во Европа пакет награда, која ќе овозможи завршување на филмот во текот на фазата на пост-продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција