| четврток, 6 декември 2018 |

Германец пукаше во центар за бегалци, повреди девојче од Македонија

Германец на возраст од 21 година вчера пукал со воздушна пушка во бегалски центар од прозорецот на својот стан на 3-от кат во северозападниот германски град Линг и ранил двајца мигранти, пренесоа агенциите, цитирајќи полициска порака.

timthumb

При тоа се повредени 5-годишно девојче од Македонија и 18-годишен Сириец. Тие се погодени во нозете, по што укажана им е лекарска помош во болница.

Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот. Не е јасно дали неговите активности биле политички мотивирани. Во тек е истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top