| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Трст: Ставив кабел околу нејзиниот врат и го вклучив во струја

ubistvo

– Се сомневав дека била со друг маж во нашата куќа во Трст. Во тоа се уверив и затоа решив да ја убијам. Зедов екелтричен кабел и ѝ го замотав околу вратот, а потоа кабелот го вклучив во струја – ова го раскажал Драган Костиќ (61), кој во италјанската полиција признал дека ја усмртил својата поранешна жена, Славица (38).

Драган на инспекторите до детали им го објаснил овој хорор. Првото сослушување по неговото апсење било во една од полициските станици во Трст.

– Славица ме бакна на 23 април, кога се видовме, бевме во нејзиниот автомобил. Зборувавме подолго. Ѝ дадов дури и 50 евра бидејќи ги бараше од мене. Меѓутоа не ѝ поверував, па поради тоа отидов накај дома. Не ме убедија нејзините умилкувања и ветувања дека нема друг. Сакав да проверам дали била само во куќата во Трст – изјавил Дрган.

Тој минал пат од околу 1.400 километри само за да провери дали Славица го изневерува, без оглед на тоа што биле разведени.

– Тргнав од Србија со мојот „форд мондео“. Стигнав во Трст околу полноќ на 24. април. Веднаш отидов во куќата. Ја отворив капијата од дворот со клучевите кои ги имав кај себе. Потоа веднаш влегов во куќата – рекол на сослушувањето.

– Слушнав дека се отвора прозорец, отидов во својата соба и видов сенка што се одалечува од куќата. Побарав објаснување, а Славица ми одговори дека мене не треба да ме интересира што прави таа. По тие зборови се разбеснив и отидов до дворот, го зедов кабелот и го замотав на нејзиниот врат и го вклучив во струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top