Во Македонија претпладне ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткокраен дожд на североисток. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а максималната од 17 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 15 до 26 степени.
Слично време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и заселен ветер ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда под влијание на сува и многу топла воздушна маса ќе има нагло зголемување на температурата. За викендот највисоката темпeратура ќе достигне 40 степени на југоистокот од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст