| четврток, 6 декември 2018 |

Француски филмски фестивал во Скопје и во Охрид

Францускиот филмски фестивал ќе се одржи од 15 до 18 јуни во Скопје и во Охрид.

Деветта година по ред фестивалот ќе понуди квалитетна филмска програма инспирирана од филмови кои обработуваат актуелни тематики и реномирани гости на фестивалот.

Фестивалот ќе започне на 15 јуни, среда, во 20:30 часот во киното „Милениум“, со проекцијата на „Патот за Истанбул“, најнов филм на Рашид Бушареб, во присуство и со говор на Астрид Ветнал, почесна гостинка на фестивалот и главна улога во филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top