| четврток, 6 декември 2018 |

Го бакнала момчето и починала од силен алергиски напад

Мајката на 20-годишна девојка, која починала откако нејзиното новото момче ја бакнало за добра ноќ, а при тоа не знаел за нејзината тешка алергија на кикирики, ја подели својата приказна со сите за да ги предупреди на опасноста, која со себе ја носат алергиите, пишува „Здравство 24“.

Мирјам Дусер Лемају присуствувала на забава во Канада, по која заминала со момчето кај него.

Пред да заминат на спиење, момчето си направило седнвич со путер од кикирики, а потоа отишол да ги измие забите.

Таа тоа не го знаела, а не стигнала ниту да му каже дека е алергична на кикирики. Веднаш по бакнежот Мирјам почнала да се задушува, а бидејќи немала ниту лек, ниту инхалатор, добила мошне силен алергиски напад, кој завршил со смртоносен исход.

– За жал не успеала да му каже за својата алергија. Затоа секогаш и секаде морате со себе да ја носите својата инјекција со адреналин, колку и тоа да ви претставува проблем, предупреди тажната мајка на покојната девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top