| четврток, 6 декември 2018 |

Видел двајца мажи како се бакнуваат и полудел – напаѓачот бил наклонет кон одредена идеологија

напад

Омар Матеен, Американец од авганистанско потекло, идентификуван е како напаѓачот кој ноќеска направи масакр во геј клубот Пулс во Орландо на Флорида.

Во крвавиот поход, кој локалната полиција го окарактеризира како терористички чин, Матеен уби најмалку 50, а повреди уште 53 лица.

Матеен бил надгледуван од полицијата веќе извесно време, но никогаш не бил мета на полициска истрага.

29 годишниот убиец, на местото на злосторот почнал со пукање околу 2 часот по полноќ. По тоа следела заложничка драма, а кризата е завршена три часа подоцна, кога напаѓачот е убиен.
-Имаме траги кои упатуваат на тоа дека напаѓачот бил наклонет кон одредена идеологија – исламски екстремизам. Сепак, сега ништо не можеме дефинитивно да кажеме. Го истражуваме нападот од сите аспекти – изјави агент на ФБИ Рон Хопер.

Таткото на напаѓачот рекол дека нападот нема врска со религија, туку дека неговиот син станал се налутил кога видел како двајца мажи се бакнуваат во градот.

-Се извинуваме на сите поради ова што се случи. Не бевме свесни за фактот дека нашиот син би можел да направи вакво нешто. Во шок сме и ние, како и целата држава – рече за НБС Мир Седик, татко на напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top